Почетна Вести Хрватската претседателка во посета на Католичката црква во Скопје
Хрватската претседателка во посета на Католичката црква во Скопје

Хрватската претседателка во посета на Католичката црква во Скопје

180
1

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов имал средба со  претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ во католичката црква во Скопје, објавува порталот „католици.мк“.

Приемот на Хрватската претседателка на 13 април во Скопската бускупија е дел од нејзината посета на Република Македонија.

„Католици.мк“  пишува дека бискупот Стојанов ја пречека претседателката Грабар Китаровиќ пред катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје заедно со своите соработници скопскиот парох дон Давор Топиќ, парохискиот викар дон Јошт Мезег и директорот на Каритас монс. Антун Циримотиќ.

Пред влезот на катедралата претседателката ја дочекаа и ја поздравија вработените во Каритас и Радио Марија, со свечените звуци на оргулите во чест на нејзиното доаѓање. Бискупот Стојанов накратко ја запозна претседателката Грабар Китаровиќ со историјата на скопската катедрала.

Потоа бискупот и претседателката го посетиле Пасторалниот центар каде бискупот Стојанов ја запозна претседателката Грабар Китаровиќ со историјата на Католичката црква во Македонија истакнувајќи ги двете стварности – западниот и источниот обред и нивната поврзаност со Загребската и Врхбосанската митрополија.

– Исто така ја истакна и поврзаноста на месната Црква со Хрватските мисионери кои учествувале на овие подрачја особено во духовната формација која блажена Мајка Тереза ја стекнала токму од Исусовците. Заеднички се осврнаа и на моменталната ситуација во Македонија и на мигрантската криза, при што бискупот Стојанов уште еднаш изрази голема радост и благодарност за посетата на претседателката. Бискупот Стојанов во оваа прилика во знак на љубовта која ја искажа со своето доаѓање, на претседателката ѝ дарува слика и книга за блажена Мајка Тереза, како и книгата на папата Фрањо „Божјото име е милосрдие“ на македонски јазик, пишува „католици.мк“

 

Коментар(1)

  1. Нешто не вообичаено–Македонци па уште и католици. Всушност се сеќавам од иторијата на верскиот живот во Ммммакедонија од периодот на сумракот на Отомманската империја, кога Ммакедоија се начла како брисан простор за делување на странските верски мисии , кои ја користеле социјалната загрозеноста на македонскиот политички обезглавен жител , да за пари му понудат излез од таквата ситуација, али под услов да ја прими нивната вера, а тоа највеќе и успеало на католичката црква и нејзините мисионари. Жалосно, жалосно , и после скоро век и половина никака да си се вратат во верата на навните претци–православието.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *