Почетна Анализа Москва и Цариград ја продолжуваат играта на провокации. Руската Црква ја враќа во игра Американската православна црква како 15-та автокефална
Москва и Цариград ја продолжуваат играта на провокации. Руската Црква ја враќа во игра Американската православна црква како 15-та автокефална

Москва и Цариград ја продолжуваат играта на провокации. Руската Црква ја враќа во игра Американската православна црква како 15-та автокефална

499
0

Руската православна црква и Вселенската патријаршија ја заоструваат црковната битка на меѓусебни провокации, кои стануваат речиси секојдневни, особено по одржувањето на Соборот на Крит и неучеството на РПЦ на него.

Amerikanska pravoslavna crkva 2Иако оваа битка засега е сведена на дипломатско-задскриени провокации, сепак сосема јасни се тенденциите и пораките кои меѓусебно си ги испраќаат црковна Москва и Фанар.

Меѓу последните во нив беше најавата на портпаролот на Московската патријаршија дека размислуваат за организирање Сеправославен Собор во Москва.

Претходно пак Вселенската патријаршија реши да го процесуира политичкото барање на Украинскиот парламент за автокефалност на Киевската Патријаршија, а веднаш потоа и уште една во низата посети на Архиереј на Цариград на Киев и средба со Патријархот Филарет.

Последната доаѓа повторно од Москва. Синодот на Руската православна црква во последното соопштение кое се однесуваше на одржаниот Собор на Крит за прв пат употребува термин 15 автокефални цркви, посочувајќи дека на СОборот на крит учествувале само „10 од 15 автокефални цркви“, што претставува промена на нејзината официјална позиција. Во сите досегашни соопштенија и изјави РПЦ спомнуваше дека на Крит не учествуваат четири автокефални цркви, Руската, Бугарската, Антиохиската и Грузиската.

Која е петтата автокефална црква, која не учествувала на Соборот на Крит, во официјалното соопштение на Московската патријаршија не е наведено, но сосема јасно е за која црква станува збор. Просто наивно е да се верува дека кабинетот на Синодот на РПЦ направил превид употребувајќи го бројот „15“, ако се знае дека во православниот свет има општо признати 14 автокефални цркви.

Од тие причини, познавачите на состојбите немаат дилеми дека Руската православна црква во игра повторно на маса ја враќа автокефалноста на Американската православна црква, прашање кое иако навидум долги години беше ставено настрана во православниот свет, со тоа што на некој начин православните цркви (Американската православна црква) АПЦ ја третираа како составен дел на Руската православна црква, на што пак РПЦ некако потајно премолчуваше.

Акцентирањето на тоа дека „10 од 15 автокефални цркви учествувале на Собот на Крит“ е сосема јасна порака до Фанер за тоа во кој правец ќе се одвиваат позициите на РПЦ во случај Вселенската патријаршија да продолжи со кокетирањето со Украинската Патријаршија.

Признавањето на Американската православна Црква во 1970 година. Лево поранешниот Руски Патријарх, Алексеј
Признавањето на Американската православна Црква во 1970 година. Лево поранешниот Руски Патријарх, Алексеј

Православната црква на Америка, со ранг на патријаршија својата автокефалност ја стекна со признавањето од Руската православна црква во 1970 година. Еден дел од православните цркви, во тоа време дел од комунистичкиот блок држави, меѓу нив и Бугарската православна црква, ја признаа автокефалноста на АПЦ, но блокот грчки цркви на тоа остро се спротивуваше.

М.Н.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *