Митрополитот Иларион: За гревовите зборувајте со свештеник, а не со психолог

Date:

Share post:

Само неколку дена по одлуката на патријархот Кирил да му дозволи да остане на служење во Русија, митрополитот Иларион (Алфеев) објави видео-порака во која зборува за исповедта, духовното раководство и улогата на свештеникот во животот на верниците.

Митрополитот, кој по сопствена молба останува во Русија за да се грижи за својата престарена мајка и ќе служи во Крстовоздвиженскиот Ерусалимски манастир во Подмосковје, порача дека постојат три работи за кои човек не треба да зборува со секого.

„Првата е личниот живот. Втората се гревовите на другите луѓе. Секогаш е подобро директно да разговараме со човекот од чие однесување сме незадоволни, отколку да го озборуваме пред трети лица“, истакнува митрополитот.

Според него, третата работа се сопствените гревови, тешките преживувања и проблеми, кои, како што нагласува, треба да му се доверат на свештеник, а не да се споделуваат со секого.

„Денес некој може да ти биде пријател, а утре непријател. Она што си му го доверил може да го раскаже на други. Со свештеник тоа не може да се случи, бидејќи тој е обврзан со тајната на исповедта“, вели Иларион.

Во своето обраќање тој прави и споредба меѓу духовната грижа и психолошкото советување. Според него, психологот може да го советува човекот „да се прифати таков каков што е“ и да не се бори со своите слабости, додека свештеникот ќе ги нарече тие слабости грев и ќе го повика верникот на покајание и духовно преображение.

Објавувањето на оваа порака доаѓа непосредно по патријаршискиот указ со кој беше соопштено дека митрополитот Иларион нема да замине на претходно определената служба во Бразил, туку ќе остане во Русија, каде што ќе служи во Крстовоздвиженскиот Ерусалимски манастир и ќе се грижи за својата мајка.

Иларион во мај годинава беше приведен од чешката полиција под сомнение за поседување наркотични средства, но беше ослободен без да биде покренато обвинение. Тој категорично ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека дрогата била подметната во неговото возило, а подоцна изјави дека на запленетите пакувања биле пронајдени само отпечатоци од прсти на полициски службеник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img