Почетна Вести Христијанство Митрополит од Всленската патријаршија на средба со Архиепископот Стефан
Митрополит од Всленската патријаршија на средба со Архиепископот Стефан

Митрополит од Всленската патријаршија на средба со Архиепископот Стефан

1.11K
1

Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано, г. Андреј, имал средба со Архиепископот г.г Стефан денеска во Скопје. Владиката од Вселенската Патријаршија, заедно со неговата придружба од Архимандритот Филотеј и јеромонахот Андреј, четири дена биле гости на МПЦ-ОА. Во Охрид имале средба со Митрополитот г. Тимотеј, а во Бигрскиот манастир задно сослужувале со Епископот г. Партениј.

Митрополитот Андреј Аркалохориски за средбите во Македонија, објави на својата интернет страници, пишувајќи дека бил пречекан според светогорскиот типик.

За време на посетата во Бигорски, Владиката Андреј во говорот ја исканал исклучителната важност за историскиот континуитет на Охридската Архиепископија, која со одлука на Вселенската Патријаршија е вратена во канонско единство во Православниот свет.

-Голем благослов е што овде во државата Северна Македонија сега суштествува веќе канонската Црква, Охридската Архиепископија. Нашиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, чиишто благопожелби, благослови и љубов ги пренесувам до драгиот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, до Вас лично, свет Игумене, до Вашето монашко братство и до присутните поклоници, сослужуваше заедно со Блаженејшиот Господин Стефан, кој е именуван како Архиепископ Охридски. Нашиот Вселенски Патријарх ѝ го понуди на Црквата на државата Северна Македонија еден од најскапоцените духовни и цивилизациски скапоцени камења од својата патријаршиска митра – имено, оној на Охридската Архиепископија. Вселенската патријаршија го исползува еклитонот како свое канонско право, па така Неговото Блаженство Архиепископот Охридски г. Стефан и Охридската Архиепископија сега се наоѓаат во заедница со сите православни цркви. Сјајна и исклучителна е историјата на Охридската Архиепископија. Да ги спомнеме само Светите Климент и Наум. Тие биле ученици на Светите Кирил и Методиј, коишто Константинопол ги испратил, за да го христијанизираат словенскиот свет. Светиот Теофилакт, Архиепископот Охридски, го напишал Житието на Светите Климент и Наум, кои се погребани во Охрид. Ние, православните Христијани, од 330 година по Хр., кога од автократорот Константин Велики бил основан Константинопол, продолжуваме и учествуваме во светодуховното наследство и предание, преку евхаристиското единство и канонскиот поредок, кои ги пази Вселенската Патријаршија, како центар на православниот свет, преку молитвените жртви. И очекуваме „Слава на Бога во висините и на земјата мир“ да надвладее и во искушуваната украинска земја, поренцирал Владиката Андреј.

– Доаѓајќи од Скопје, главниот град на Северна Македонија, до вашата Свештена Бигорска Обител, на патот сретнав многу џамии. Во овој 21. Век, ние луѓето сме повикани да живееме со љубов, спогодба, мир и меѓусебно почитување во однос на културниот идентитет и свеста на другиот. И се прашувам: џамиите што ги сретнав, како и муслиманите на Балканот, не се ли и тие продолжување на новата реалност што се формирала во Константинопол, кога по болката и скрушувањето предизвикани од Падот на Цариград во 1453 година, таму запоседнал муслиманскиот султан? Затоа, да го најдеме темпото на мирот, на соживотот и на помирувањето, во рамките на почитувањето и зачувувањето на културниот идентитет и верската свест на секого од нас. Да ги земеме предвид и Евреите кои живееле на овие простори, и кои по формирањето на израелската држава се населиле во Израел. Брате Свети Антаниски, господине Партение, чувствувам дека се наоѓам на Света Гора, каде што живеевте извесно време во близина на блаженоупокоениот Игумен на Свештената Григоријатска Обител, секогаш споменуваниот отец Георгиј. Православното предание е заедничко за сите нас, без разлика на границите на државата и татковината во која живееме. Повикани сме оваа наша вера во Христа да ја зачуваме и да ја продолжиме како што, по благодатта Божја, вие, свети брате, тоа примерно го правите. Со овие мисли, уште еднаш ја изразувам својата срдечна радост, за мојата денешна посета на Свештената Обител на Чесниот Претеча и ги пренесувам сесрдните благопожелби, молитви и љубовта на нашиот Сесвет Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј до Охридската Архиепископијата и до нејзиниот Архиепископ г. Стефан“, потенцирал Владиката на Вселенската патријаршија.

Коментар(1)

  1. Ако бил 4 дена значи бил во исто време со делегацијата на РПЦ. Прашање е дали е тоа случајност?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *