Почетна Вести Христијанство Митко Јанчев и Александар Николовски на осветување на црквата во Кавадарци
nikolovski 1
nikolovski 2
nikolovski 3

Митко Јанчев и Александар Николовски на осветување на црквата во Кавадарци

121
0

Кандидатот за градоначаник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, и актуелен градоначалник, Митко Јанчев, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николовски утрово присуствуваа на осветувањето на реконструираната црква Свети Димитрија.

-Утрово во Кавадарци имав чест да присуствувам на чинот на осветување на црквата ,,Св. вмч. Димитриј”.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Владиката Иларион, Владиката Јаков и Владиката Пимен, како и бројно свештенство на Македонската православна црква го извршија чинот на осветување на црквата Свети Димитрија, чија реконструкција заврши по пет години реновирање.

На чинот на осветување и Архиерејската литургија присуствувавме со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, пратеникот од Кавадарци Зоран Јованчев и Наќе Чулев, напиша Александар Николовски на својот Фејсбук профил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *