Мажи со пушки и жени со бурки ги „истераа“ туристите од плажа во Сплит

Date:

Share post:

Паника се создаде во Сплит во Хрватска минатата недела кога жени во бурки се појавија на плажа.

Гостите на хотелот сакаа да побегнат од плажата во Сплит, а паниката меѓу луѓето се зголеми и поради присуството на мажи со пушка, раскажуваат очевидци за „Слободна Далмација“.

aaaa-Две жени дојдоа на плажа со бурки, едната во црна, а другата во светлосина. По некое време покрај нив се сместија и мажи со големи темни торби од кои почнаа да ги вадат пушките. Не се работеше за огнено оружје, туку за подводни пушки со харпун, за спортски риболов. Набрзо потоа влегоа во морето“ – раскажуваат очевидци.

Објаснуваат  дека чувството на страв поради темните торби се јавило кај многумина, а дел од капачите се решиле да си ги земат работите и да си заминат од плажата.

Гостите на плажата ги предупредија вработените од хотелот „Радисон Блу“, а тие на мажите со пушка им објаснија дека риболовот не е можен на уредената хотелска плажа. Мажите потоа си ги земаа пушките, ги вратија во торбите ги спакуваа и се вратија во хотелот.

/ФАКТОР

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img