Почетна Вести Француски градоначалник до муслиманките: Шетајте голи во Саудиска Арабија па ќе видите
Француски градоначалник до муслиманките: Шетајте голи во Саудиска Арабија па ќе видите

Француски градоначалник до муслиманките: Шетајте голи во Саудиска Арабија па ќе видите

266
0

Откако највисокиот француски суд минатата недела донесе одлука дека забраната за носење буркини е нелегална, кавгата околу карактеристичниот костим за капење кој главно го носат муслиманки уште повеќе се разжести.

burka-Однесувајте се како што се однесуваат луѓето во земјата што ве примила, тоа е тоа“, изјави градоначалникот на Коголан, Марк Етјен Ласанд за Си-ен-ен. Градоначалникот на градот на француската ривиера се залага за забрана на буркинито на француските плажи.

-Ако ве примат во Рим, однесувајте се како Римјани. Одете во Саудиска Арабија и шетајте голи па да видиме што ќе се случи“, истакна тој.

Лансанд, кој му припаѓа на десничарскиот Национален фронт, е еден од неколкуте градоначалници кои се противат на судската одлука. Тие се упорни во тоа дека на француските плажи, или барем на плажите во нивните градови, забраната треба да остане.

Прашањето околу буркинито и понатаму е жешка тема, особено за собирање евтини политички поени на двете страни, а се активираше откако 30 градови во Франција го забранија костимот за капење на плажите. Едни тврдат дека буркинито на плажите ги потсетува луѓето на неодамнешните терористички напади и ги вознемирува. Здруженијата за човекови права, пак, сметаат дека станува збор за чисто кршење на правата на муслиманките.

/МКД.МК

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *