Макрон и Мелони со остри рекации за забраната од Израел Кардиналот Пицабела да влезе во црквата на Светиот Гроб

Date:

Share post:

Европските лидери ја осудија одлуката на Израел да го спречи Кардиналот Пјербатиста Пицабала да влезе во црквата на Светиот Гроб и да сослужува литургија на празникот Цветници, оценувајќи го овој чин како прекршување на верските слободи и на статусот на светите места.

„Спречувањето на влез на патријархот на Ерусалим и кустосот на Светата Земја, особено на празник кој е во центарот на верата како што се Цветниците, претставува навреда не само за верниците, туку и за секоја заедница која ја признава слободата на вероисповед“, порача италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Италијанската влада изрази силна поддршка за латинскиот патријарх на Ерусалим, посочувајќи дека Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим е свето место за христијанството и како такво мора да биде зачувано и заштитено за извршување на светите обреди.

Остра критика упати и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ја осудувам оваа одлука на израелската полиција, која дополнително придонесува за загрижувачкиот пораст на прекршувањето на статусот на светите места во Ерусалим“, напиша тој на социјалната мрежа Х. Изразувајќи му поддршка на кардиналот, Макрон додаде дека слободното практикување на верата во Ерусалим мора да биде загарантирано за сите религии.

Израел му забрани на католичкиот кардинал миса за Цветници во Светот Гроб – реагираше САД

И Португалија исто така реагираше на одлуката, нарекувајќи ја „длабоко загрижувачка“. „Оневозможувањето на пристапот на кардиналот Пицабала до црквата на Светиот Гроб на Цветници, и тоа за обред кој требаше само да се пренесува, заслужува силна осуда“, објави португалското Министерство за надворешни работи, повикувајќи ги израелските власти да ја „осигураат и почитуваат слободата на вероисповед и богослужба“.

Израелската полиција го спречи латинскиот патријарх на Ерусалим да ги одбележи Цветниците во црквата на Светиот Гроб „за првпат по повеќе векови“, соопшти Католичката црква, наведувајќи дека полицијата се повикала на безбедносни причини поврзани со војната со Иран.

Од друга страна, израелската полиција тврди дека сите свети места во Стариот град на Ерусалим, вклучувајќи ги христијанските, муслиманските и еврејските, се затворени за верници од почетокот на војната на САД и Израел против Иран, особено локациите кои немаат соодветни засолништа.

Овој настан отвара сериозни дилеми за чествувањето на Велика Сабота за православните верници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img