
Кипарската црква се приклучи на оспорувачите на предложените документи за Сеправославниот Собор
И Кипарската православна црква ги отфрли предложените заклучоци од точката за односите на Православната црква со останатите христијански цркви и достави свои амандмански забелешки на текстот.
Во официјалното соопштение од Синодот на Кипарската архиепископија се набројани неколку амандмански интервенции на текстот за кои Кипарските владици сметаат дека се неопходни да усвојување.
Црквата на Кипар смета дека Православната Црква е “едната, света, соборна и апостолска Црква“ и иако посочува дека е потребен дијалог со останатите неправославни, или инославни цркви и конфесии, сепак смета дека тој треба да се одвива во насока на дијалог меѓу Православната црква со неправославните христијански цркви и конфесии за нивно единство со Православната црква.
/РЕЛИГИЈА.МК