Почетна Анализа Ја влече ли рускиот јарем, МПЦ-ОА во провалија?
Ја влече ли рускиот јарем, МПЦ-ОА во провалија?

Ја влече ли рускиот јарем, МПЦ-ОА во провалија?

7.39K
5

Шефот на руското Подворје од Софија, Васијан Змеев повторно бил во Македонија, овој пат како гостин на Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј.

Во придружба на рускиот амбасадор во државата, служеле литургија за Петровден. Змеев стана редоведн гостин на МПЦ-ОА и речиси да нема месец тој да не патува на релација Софија-Скопје, најверојатно кооридирајќи ги потезите на МПЦ-ОА во контекст на руската црковна и државна политика.

Но, петровденскиот настан во Куманово бил повеќе од црковно одбележување на празникот.

книгата промовирана вчера, делена на верници

Митрополитот Григориј ја промовирал својата нова книга, „Цариградскиот патријарх прв меѓу/без еднаквите“, дело во кое се собрани текстови, кои практично се црковни толкувања гледани низ призмата на руската црковна политика. Ова е само една од причините зошто МПЦ веројатно треба да поведе поголема контрола на Црковно-просветните совети при  епархиите за какви изданија трошат црковни и народни пари.

Дополнително, оние кои биле присутни биле зачудени од јавните ставови што Григориј ги промовирал по литургијата, самоуверно тврдејќи дека МПЦ-ОА цврсто останува на руската страна. Во тој контекст биле споделувани информации од работата на Синодот на МПЦ-ОА, а во контекст на омаловажување на дел од владиците.

Целокупната енергија на руската црква изминатиов период е насочена да спречи издавање Томос за автокефалност на МПЦ-ОА од Вселенската патријаршија и да ја претвори МПЦ-ОА во црква сателит на Руската. По директен налог на РПЦ пред извесно време МПЦ-ОА донесе скандалозна одлука со која директно застана на руска страна во црковниот спор во Украина. Токму Митрополитот Григориј изминативе две години е најголемиот гласноговорник на руската црковна политика во македонската црковна јавност. Пред три години, токму поради ваквите ставови на Григориј, Синодот на МПЦ-ОА јавно се огради од неговите позиции, посочувајќи дека станува збор за негови лични ставови.

Но, за потсетување на јавноста во 2018 година, тогаш како Архимандрит, Григориј делеше поинакви рамислувања, па дури и се среќаваше со тогашните владици на Православната црква на Украина, меѓу кои и со сегашниот поглавар Епифаниј.

Григориј сликан со Епифаниј, од ПЦУ во Киев

Григориј стана владика во МПЦ-ОА во мај 2020 година на изненадување на сите, откако на Синодска седница поранешниот митропли Јосиф поднесе оставка, а за владика го предложи токму Григориј. И три години подоцна никој од Синодот на МПЦ-ОА не сака да зборува како се случи во исти ден Јосиф да поднесе оставка, а Григориј да биде избран. Од денешна дистанца некои владици велат дека неговиот избор е контроверзен, но морал да се случи од причини како што велат „да не пукне брука“.

Григориј сепак стана владика иако не го испоилнува главниот услов, нема завршено Богословски факултет, а и воопшто не се наоѓаше на листата архимандрити за избор на нови вкладици. Сепак и покрај тоа, мнозинството владици гласаа за негов избор. Во образложението за неговиот избор беше наведено дека Григориј имал докторат на софискиот Богословски факултет, што можело да се толкува како исполнување на уставниот услов за високо теолошко образование. Инаку Григориј има и уште еден докторат на тема Банкарство и стратегиски менаџмент, а високо образование завршил на Битолскиот технички универзитет.

Дополнително нејасно во неговиот избор беше тоа што тој стана Архиереј на МПЦ-ОА, иако како јеромонах беше разрешен од функцијата секретар на Скопската епархија во 2015 година поради финансиски-малверзации. За какви малверзации стануваше збор, јавноста никогаш не дозна, но сепак одлуката за неговото разрешување стои објавена во Службен весник на МПЦ-ОА.

Одлуката за разрешување поради финансиски злупотреби

Пред две недели Претседателот Стево Пендаровски јавно обелодени дека безбедносните служби во државата добиле информации од парнерските држави во НАТО дека во Синодот на МПЦ-ОА има владици кои работат за руските безбедносни служби, но не откри имиња.

Коментар(5)

  1. Na arhierei te na MPC ništo ne im posluži za pamet sličajot so Vraniškovski (čovek od ulica vklučen vo uprava-postaven za vladika na MPC), isto to go pravi so ovoj Grigorije.

  2. MPC ne smee da e na strana na crkva koja e osnovana od fašisti, nacionalisti i podržuvači na NATO, crkva koja e antislovenska, antihristijanska.

  3. Ова е сепак одлична реклама за таа книга. Толку површен и тенденциозен напад на личноста (небаре од кујните на CIA) не може да му наштети на угледот на Владиката Григориј меѓу верниот народ и читателската јавност. Пред се’, доведувањето под сомнеж на неговото теолошко образование и подведувањето под критериум на голата буква никако не кореспондираат со вековната православна традиција за избор на Епископи, во која се разбира се вклопува и практиката на Македонската Православна Црква. Денес ниеден православен универзитет не би му овозможил докторирање на кандидат којшто е недоволно богословски поткован, се разбира. Освен тоа, огромен број Епископи во текот на вековната историја на Православието никогаш не биле студенти на никаков универзитет, па ни на некој теолошки факултет, а големата низа Светители меѓу нив оставија длабока и неизбришлива трага во Светото Предание токму како Епископи. Ни Св. Василиј Велики не завшил никакво официјално теолошко образование, како и безмалку сите велики учители на Црквата. Автентичниот дар на богословие (којшто овде се обидувате да го оспорите во смисла на дар на Светиот Дух и како и сите неуки луѓе да го подложите на некаква јуридичка егзактност којашто нема никакви допирни точки со нему релевантната комплексност на мерливи метафизичко-онтолошки собитија и од нив произлезените еклисиолошки параметри осмислување на конкретната реалност) ги дал основите на каноните на Црквата. Отците на Светите Вселенски Собори (сите Епископи, некои од нив со своите помошници, како некогашниот ѓакон Атанасиј, денес прославениот Св. Атанасиј Александриски – Велики) ја сведочеа Вистината борејќи се против ересите со богословие што извираше од нивните свети животи, од личното Божестевено откровение што го красеше нивниот духовен подвиг, не ги бранеа своите ставови (денес озаконети темели на Верата) со дипломи и со подвластување на човечки авторитети, односно просто земајќи страна на некој од претставниците на политички влијателните престоли. Меѓу другото, искуството, личниот опит, секогаш биле незаобиколен извор на чистите критериуми на православниот пат. Имено, ако во 2018 г. о. Григориј, тогаш архимандрит, застапувал едно еклисиолошко стојалиште со кое сметал дека е неопходно да се верификува автокефален статус на Православната Црква на Украина, а потоа гледајќи ги состојбите одблизу и бивајќи сведок (како впрочем и многумина од нас) на големи промени и нови сознанија за состојбите во разни делови од сеправославната екумена па го сменил ставот за истите прашања, би било неискрено да му прирпишеме некаква недоследност за полза на ситен интерес, само затоа што аналитичарите на овој портал главно немаат поголема идеја за еклисиологијата од вазалската можност на прилепување за традиционално посилните и политички поприсутните јурисдикции.

    1. Митрополитот кумановско – осоговски Григориј као Св. Василиј Велики… или можда као Св. Атанасиј Александриски. Јао чоече… Флеш!!!

  4. Секако, може да омаловажувате некого и на основа на лично чувство, или со измислени аргументи, или со извртување на вистината – ама во тој случај се’ што ќе посведочите ќе остане оружје против Вас самите. Па ако сметате дека Ви е исплатливо, се разбира – повелете!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *