Синодот се огради од Митрополитот Григориј – неговото интервју е негов личен став
Синодот на МПЦ-ОА се огради и ставовите на Митрополитот Григориј искажани во неговото последно интервју, ги оцени како лични кои не го изразуваат ставот на МПЦ-ОА и Синодот.
Во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА, пишува дека САС на МПЦ-ОА, останува на веќе изградените позиции во однос на решавањето на црковното прашање за својот автокефален статус да разговара со Мајката Црква- Вселенската Патријаршија.
-Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија се оградува и ги отфрла ставовите на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, искажани во интервјуто за весникот „Вечер“ од 04.12.2020 г. Тие претставуваат негово лично мислење и не го изразуваат ставот на другите членови на Синодот. Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија останува на својата веќе изградена позиција во однос на решавањето на црковното прашање за својот автокефален статус да разговара со Мајката Црква — Вселенската Патријаршија, стои во соопштението од Канцеларијата на САС на МПЦ — ОА.
Budarski kadar.
Изгледа дека Синодот се оградува од себеси, од Одлуките на Црковно-народните собори, од сопствениот македонски народ…
Навистина, знаат ли што прават?
Nema sto Sinodot da dase ograduva ni od sto bidelki toj i taka odi ko guska vo magla, bez orientacija vo moreto na crkovnite pravila. Najdpbro mu e da se drzi na stavovite na Zaev i Pendarovski oti toe se mnogu “visoki avtoroteti” vo crkovnata sfera.