Почетна Анализа Лапсус или неискреност – како Каменичко-делчевскиот епископ пак стана Брегалнички?
Лапсус или неискреност – како Каменичко-делчевскиот епископ пак стана Брегалнички?

Лапсус или неискреност – како Каменичко-делчевскиот епископ пак стана Брегалнички?

2.59K
3

Новиот епископ на МПЦ-ОА, Каменичко-делчевскиот Марко бил на сослужување со Српскиот патријарх Порфириј во Австрија, каде заедно сослужувале и уште неколку епископи на СПЦ и на Московската патријаршија. Поводот е осветување на спомен капела посветена на Сите Српски Новомаченици од Првата Светска Војна.

Но она што повторно е симптоматично е начинот на кој СПЦ го претставува Епископот Марко. Првиот проблем е титулата, а вториот припадноста на јуриздикцијата. Каменичко-делчевскиот епископ, во известувањето на СПЦ е титулиран на Брегалнички. Дополнително е вброен во редот епископи на СПЦ. На пример за епископот Алексиј од Руската црква, кој бил на настанот, СПЦ пишува „Негово преосвештенство Епископ Алексиј од Московската Патријаршија. Кај епископот Марко не стои дека е од МПЦ-ОА.

Соборот на СПЦ пред речиси еден месец донесе одлука за канонски отпуст на владиците од ПОА, по претходен договор со МПЦ-ОА за нивна интерграција. Одлуката за канонски отпуст формално правно значи дека тие веќе не се припадници на СПЦ. Дополнително што на 5 јуни во Света Софија и литургиски беше означено нивното интегрирање во МПЦ-ОА.

Точно е дека МПЦ-ОА  на синодска седница во  полн состав ќе треба да го верификува договорот со СПЦ за нивниот ангажман во МПЦ-ОА, но тоа како што изјави портпаролот на САС на МПЦ-ОА, е само формалност.

Дали станува збор за пропуст на СПЦ,можеби неискреност,  или пак можеби за некакво толкување за евентуален „вакум простор“, ќе покаже времето.

Она што е сосема јасно е дека по 20 јуни, по синодската седница, новите владици на МПЦ-ОА за сослужување со владици од други цркви ќе мора да ја следат административната процедура на црквата во чија јуриздикција се. Логично би било и за ова сослужување Епископот Марко да го известил Архиепископот Стефан и во австрија да заминал со негов, а не со благослов на Порфириј.

Коментар(3)

  1. Само еден детаљ да посочам. Помеѓу Порфириј и Јоаникиј седи Михаил архиепископ прашки и на чешките земји. Никаде не е спомнат во објавата. И сега што да мислиме дека има некоја скриена намера? 🙂 Толку знае тој што му го води профилот на патријхот.

  2. За ова ваше информирање би било за нас кои ве пратат во од Релогија Мк, разбирливо кога би не информирале исто што ви одговориле тие од СПЦ на вашите прашања, прашања кои овде ги изнесувате ама не сте ги поставиле на одговорните од СПЦ за прашања на новинари. Така во една вредна акција од вас ние ќе дознаевме зошто направиле вакви како шо бие тврдите лапсузи, пропусти намерно или ненамерно. Вака во оваа ситуација само ни презентирате ваши мислења, тврдења, заклучоци, хипотетички прашања, кои најверојатно ние треба сега сами повторно да ги толкуваме, и така бесконечно само да си се информираме едни со други без да нешто дознаеме, научиме..,
    Ова ви е нешто како тресење празна слама, или ломотење на празна воденица.
    Почнете да се занимавате со новинарство оти јас нема уште долго да ве пратам.

  3. После седнице синода МПЦ добиће нпву титулу. Немојте да драмите 🙂

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *