
Вчерашниот ден, во најновата историја на човештвото ке остане забележан како ден што го потресе светот. Терористите го нападнаа главниот град на Европа, при тоа убивајќи и ранувајќи голем број луѓе. Терористите вчера се осмелиа да му објават војна на светскиот центар на безбедноста, мирот, цивилизациите и културите, на хармонијата и на совршениот соживот. Терористите не ги сакаат тие вредности.
Вчера, целиот свет беше потресен од терористичките акти што беа извршени во срцето на Европа, за жал во името на Исламот. Тероризмот и убиството на недолжни луѓе, во Исламот се смета како најомразен, најнеприфатлив и проклет акт. Затоа, никому не му е дозволено да манипулира и да делува на таков криминален начин во името на Исламот.
Вчерашниот ден, без сомнение ќе претставува историјски момент на обединување на сите западни земји во борба против општото зло и за спас на човештвото, значи и на Исламот од таа не прифталива етикета на тероризам.
Во ајетот 32 од сурето Ел Маиде, се вели : “ Оној кој ќе убие еден човек кој не убил никого и кој не прави безредие по земјата, како да ги убил сите луѓе, а оној кој ќе спаси еден човек, како да ги спасил сите луѓе“.
Затоа, ИВЗ во Република Македонија во континуитет реагира против таквите терористички акти и ги повикува сите муслимански верници на секаде низ светот да се приклучат на западниот фактор и да придонесат во борбата против сите терористи, од било која провениенција.
Терористите немаат вера, нација и идеологија. Тие имаат за цел масовно уништување на луѓето. Семоќниот Алах им наредил на муслиманите да ги сакаат луѓето, добрината, хармонијата.
Брисел и целата Белгија се огледало на светот каде што се огледаат нај големите вредности на друштвените, верските и културните различитости што живеат во целосна хармонија. Светот вчера одлучи да го сочува тоа огледало, осудувајќи го едногласно злосторничкиот акт во Брисел.
ИВЗ во Република Македонија, изразувајќи болка за сите загинати, ранети и оштетени, го испраќа своето сочувство до семејствата на жртвите, граѓаните на Белгија и нејзиното државно раководство.
На повредените им пожелуваме што по скоро заздравување. Истовремено, ја изразуваме нашата желба и спремност, во склад со нашата верска мисија, да застанеме на страната на силите што се борат еднаш за секогаш да го искорнат тероризмот секаде низ светот. Се молиме, час по скоро да се вратат мирот и безбедноста во светот, а од муслиманите воопшто бараме да придонесат максимално за хармонијата што ја налага Светиот Куран .
Реис ул Улема на ИВЗ во Р.М., Х. Сулејман еф Реџепи