Почетна На иста страна Иванов, Тодоров и Божиновска на ифтар во Јанче
i 8
i 6
I 5
I 4
I 3
I 2
I 1
i 7

Иванов, Тодоров и Божиновска на ифтар во Јанче

578
0

„Да ги следиме традициите од нашите претци кои не научиле на соживот и да си помагаме меѓусебе, порача вчера претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на ифтарската вечера во општина Маврово – Ростуше што за светиот муслимански месец Рамазан, беше организирана во село Јанче.

i 7– Посакувам периодот на пост, на самооткажување на сите да ви носи среќа и радост во вашиот живот, да имате радост во семејствата, да имате добрини меѓу вашите соседи, меѓу вашите блиски. Ме радува, што повторно сум во овој крај, во кој кога природата давала не штедела, дала толку многу убавини, дала толку прекрасни предели, толку убава природа и луѓе, кои иако се од различни вери, меѓусебе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата која ни ја оставиле претците.  Има различни религии, но една вера – вера во Бога, изјавил претседателот Иванов во поздравниот говор на ифтарската вечера.

На ифтар вечера, покрај претседателот Иванов, присуствуваа и министерот за здравство Никола Тодоров, Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, градоначалникот на општина Маврово – Ростуше Мукрем Мехмеди, Отец Доситеј од Бигорскиот манастир и други претрставници на општествениот и политички живот.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *