Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: ИВЗ ужува висока доверба, ДУИ има најголемо влијание врз ИВЗ
ИСТРАЖУВАЊЕ: ИВЗ ужува висока доверба, ДУИ има најголемо влијание врз ИВЗ

ИСТРАЖУВАЊЕ: ИВЗ ужува висока доверба, ДУИ има најголемо влијание врз ИВЗ

747
0

Исламската верска заедница во Р.С. Македонија ужива висока доверба меѓу своите верници во државата, покажува најновото истражување на „Религија.мк“, „Институтот за политички истражувања – Скопје –ИПИС“, поддржано од Фондацијата „Конрад Аденауер“ – КАС, дел од проектот за анализа на перцепцијата на јавноста во мулти-религиски општества, како што е Р.С. Македонија.

Истражувањето во кое беа опфатени само муслимани, покажува дека во ИВЗ доверба имаат 66,7% од анкетираните, од кои 22,8% се изјасниле дека имаат „целосна доверба“, додека 43,9% одговориле со „донекаде да“ имаат доверба. Само 4,8% велат дека „воопшто немаат“ доверба во ИВЗ, како институција.

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ужива највисока доверба меѓу верниците, „целосно“, или „донекаде“ доверба во него имаат 56,1% од анкетираните. Висок процент на доверба уживаат и муфтиите и имамите. Во тој контекст муслиманите во Р.С. Македонија повеќе би побарале помош за решавање на проблеми од својот имам, отколку од државните институции кон кои всушност треба да се насочени за помош при одредени предизвици со кои се соочуваат. На прашањето: „Дали за решавање на проблеми/предизвици попрво би побарале поддршка од државните институции, или од вашиот Имам?“, 35,8% како опција го избрале Имамот, додека 32,3% државните институции.

Ова, прво вакво специјализирано истражување на јавното мислење во Р.С. Македонија за перцепцијата на муслиманите, покажува дека за голем дел од муслиманските верници во државата постулатите на исламот имаат големо, или одредено влијание и надвор од религиозните институции, односно во нивниот секојдневен живот. Високи 70,8% испитаници одговориле дека „религијата во нивниот секојдневен живот има големо, или донекаде големо влијание“ .

Кај испитаниците се поделени мислењата околу тоа дали постојат одредени процеси кои се поврзани со надворешни влијанија од политиката, што се рефлектира и во перцепцијата при избор на поглавар и муфтии.

56,6% испитаници сметаат дека „ИВЗ е подложна, или донекаде подложна на политички влијанија“. Како политичка партија за која верниците имаат мислење дека има најголемо влијание врз ИВЗ се смета ДУИ. Дури 53,8% сметаат дека оваа политичка партија има најголемо влијание врз ИВЗ, додека влијанието на останатите политички партии е речиси занемарливо.

Интересно за анализа е мислењето на муслиманите околу прашањето „Дали ИВЗ треба да има, или не треба да има политичко влијание во јавниот живот“. Тука постои поделеност во мислењата. Дека треба да има, или донекаде да има влијание се определиле 41,4% анкетирани, додека 40,2% сметаат дека ИВЗ не треба, или донекаде не треба да има политичко влијание во јавниот живот.

Интересен аспект на истражувањето открива дека за поголемото мнозинство на муслиманите во државата поважна е верската припадност, отколку етничката. 42,6% сметаат дека религијата за нив е поважна, додека пак 30,2% одговориле дека етничката припадност е поважна од религиската.

Верскиот радикализам е предизвик за муслиманите во државата, од кои 10,5% испитаници сметаат дека тој постои кај поголем дел од популацијата, додека 25,4% сметаат дека верски радикализам има кај одреден дел од популацијата.

Носењето шамија е личен избор и со оглед дека е дел од традиционалната облека кај жените муслиманки на овие простори, за разлика од хиџабот и особено бурката, шамијата е прифатлива за најголемиот дел од муслиманите во Р.С. Македонија.

Истражувањето потврдува дека најголемиот дел, или 98,7% од муслиманите во Р.С. Македонија се припадници на Сунитскиот ислам и огромно мнозинство, или 94,8% од нив се декларираат како религиозни, или донекаде религиозни. Во тој контекст висок е процентот на оние муслимани кои практикуваат да постат, 51,1% „секогаш постат“,  а 29,9% „понекогаш постат“.

Истражувањето е спроведено во мај-јуни 2023 година на вклучени 1116 испитаници со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование. Со оглед на спецификите на истражувањето, примерокот е стратификуван согласно регионите и населените места. Во овој примерок се запазени с

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *