Почетна Вести Свет Ирачкиот муслимански лидер и Вселенскиот патријарх разговараа за враќање на христијаните во Ирак
Ирачкиот муслимански лидер и Вселенскиот патријарх разговараа за враќање на христијаните во Ирак

Ирачкиот муслимански лидер и Вселенскиот патријарх разговараа за враќање на христијаните во Ирак

142
0

Прекин на прогонот  на христијаните од нивните историски домови на Блискиот Исток, како и можноста за нивно безбедно враќање, биле главните теми во фокусот на средбата на шиитскиот муслимански верски претставник, Шеик Ала Ал-Mусаваи, шеф на Директоратот за верски прашања на ирачките шиити и Вселенскиот Патријархот Вартоломеј.

Ирачкиот шиитски муслимански лидер бил во посета на седиштето на Вселенската Патријаршија во Фанар, во понеделникот на 29 јануари, во придружба на универзитетски професори од Ирак.

За време на получасовната средба, Вселенскиот патријарх понуди соработка во процесот за враќање на ирачките христијани, кои во претходните години беа принудени да ги напуштат своите домови, воедно изразувајќи ја загриженоста за состојбите на Блискиот Исток, кои во последниве години се причина за насилното искоренување на христијанското население.

Вселенскиот патријарх ја нагласил потребата за враќање на христијаните  во услови со кои се гарантира нивната безбедност и слободното изразување на нивната религиозна припадност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *