Почетна Вести Европа Ердоган ќе биде првиот турски претседател кој утре ќе влезе во Ватикан
Ердоган ќе биде првиот турски претседател кој утре ќе влезе во Ватикан

Ердоган ќе биде првиот турски претседател кој утре ќе влезе во Ватикан

231
0

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, утре ќе се состанат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми, јавува Anadolu Agency (AA). Тоа ќе биде првата историска посета на турски претседател на Ватикан.

Канцеларијата на турскиот претседател за односи со јавноста потврди дека Ердоган на повик на папата утре недела, на 4 февруари, ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.

Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се состане и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Паролин.

Главни теми на состанокот на Ердоган со папата ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим (Кудс), ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот, борбата против тероризмот и други прашања.

По официјалната посета на Ватикан, Ердоган во Рим на деловен ручек ќе се состане и со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и со шефот на италијанската влада Паоло Џентилони.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *