Индиската претседателка ги посети Свети Наум, Плаошник и „Света Богородица Перивлепта“, се сретна и со митрополитот Георгиј

Date:

Share post:

Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, ги посети најзначајните православни светилишта во Охрид, каде што се запозна со духовното и културното наследство на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во рамки на посетата, индиската претседателка ги посети манастирот „Свети Наум Охридски“, црквата „Света Богородица Перивлепта“ и археолошкиот локалитет Плаошник, а оствари и средба со надлежниот архиереј на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Геогиј.

За посетата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на Фејсбук напиша:

„Со претседателката на Република Индија го посетивме манастирот Свети Наум и старото градско јадро на Охрид, каде што со векови се преплетуваат духовната традиција, просветителската мисија и културното наследство. Во Света Богородица Перивлепта и на Плаошник уште еднаш се уверивме дека Охрид е не само чувар на непроценливи историски вредности, туку и место од кое се ширеле писменоста, знаењето и христијанската мисла, оставајќи траен белег врз развојот на регионот и пошироко. Верувам дека непосредното запознавање со ова исклучително богатство ќе придонесе за поголемо меѓусебно разбирање и ќе биде дополнителен потстрек за зацврстување на пријателството и продлабочување на македонско-индиската соработката.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img