Почетна Вести Регион Иконата од Богородица и Исус останала недопрена – црквата Свети Никола срамнета до темел по земјотресот
Иконата од Богородица и Исус останала недопрена – црквата Свети Никола срамнета до темел по земјотресот

Иконата од Богородица и Исус останала недопрена – црквата Свети Никола срамнета до темел по земјотресот

1.40K
0

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала, чиј епицентар бил околу 120 километри од најголемиот град Ираклион го погоди денеска претпладнево грчкиот остров Крит.

Грчките медиуми пренесуваат дека вознемирените граѓани на Ираклион излегле на улица, а грчкиот сеизмолог истакнал дека не очекува поголема штета, затоа што епицентарот на потресот бил среде море, но додава дека може да се очекуваат голем број помали тресења.

Меѓутоа, некои објекти кои се тешко оштетени од претходниот земјотрес се срушени со последниов

Така порталот Creta live, објави фотографии од малата црква Свети Никола во Ксирокампос која била срамнета со земја. Оваа мала црква не можела да го издржи последното тресење и била срушена до темел.

На фотографиите кои ги објави Creta live, се гледа дека единствено иконата на Богородица со Исус останала да стои рамно среде рушевините.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *