Почетна Вести Христијанство И покрај апелите, вечерва горат бадникарски огнови
И покрај апелите, вечерва горат бадникарски огнови

И покрај апелите, вечерва горат бадникарски огнови

271
0

Вечерва повторно горат бадникарските огнови и покарај препораките на градските власти. Верниците не ги послушаа ниту апелите на МПЦ-ОА, која од годинава забрани свештеници на Скопската епархија да присуствуваат и да ги благословуваат огновите.

Отец Бобан од Скопската епархија вели дека на тој начин се занемарува црквата и се посветува внимание на улицата каде има многу алхохол и мрсна храна што е сосем спротивно од учењето на црквата.

-Некој ќе рече па зошто да не ги палеми, ние се собираме. Јас ќе го прашам зошто па на Бадник го правите тоа, правете г о секој ден, правете го еднаш месечно и на крајот да го имаме и хуманиот аспект а тоа е дека во времето кога е презагаден воздухот кога имаме многу сиромашни, место безполезно да ги трошиме тие дрва, можеме да ги донираме, вели Отце Бобан..

Наспроти ваквиот став на црквата, граѓаните велат дека тоа е традиција и ќе продолжат да ја практикуваат. Објаснуваат дека на тој начин се подготвуваат за утрешниот празник на кој заедно со семејството ќе го чекаат Христовото раѓање.

Инаку поради енормната загаденост на воздухот,  локалните власти од неколку општини во државата побараа од граѓаните оваа година да ја напуштат традицијата, но и покрај апелите, вечерва се запалија коледарските огнови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *