Почетна Вести И Антиохиската Патријаршија се пишмани околу Сеправославниот собор на Крит
И Антиохиската Патријаршија се пишмани околу Сеправославниот собор на Крит

И Антиохиската Патријаршија се пишмани околу Сеправославниот собор на Крит

210
0

antioniska soopИако минатата недела Антиохиската патријаршија одлучи привремено да го „замрзне“ спорот со Ерусалимската патријаршија околу јуриздикцијата врз Катар,со цел да овозможи непречено спроведување на Сеправославниот собор и зачувување на единството, сепак вчера Патријаршијата во Антиохија објави уште едно соопштение во кое искажува сериозен сомнеж во потребата и соодветноста од одржување на Светиот и Голем Собор на датумот за кој е закажан.

Овој став на Антиохиската патријаршија во основа е идентичен со оној на Бугарската православна црква, која побара одложување на Соборот.  Исто така овој став доаѓа по одлуката на Вселенската патријаршија од пред два дена која предлага решението на конфликтот меѓу Антиохија и Ерусалим да се бара по одржувањето на Соборот.

-Чинот на сослужување на православните автокефални цркви во Света Литургија на Педесетница е единствениот правилен начин за исповедање на единството. Но во овој момент тоа е не можно поради ” индиферентноста на Ерусалимската патријаршија кон мировните иницијативи ” на Антиохиската патријаршија , што го загрозува спроведувањето на Сеправославниот собор закажан на тој датум, пишува во соопштението на Антиохиската патријаршија.

Таа потенцира дека идејата за одлагање на решението на проблемот по Сеправославниот собор ја прави неважечка и мисијата на самиот Собор, кој треба да биде „израз на Православното единство“.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *