
Антиохиската патријаршија одлучи сепак да учествува на Сеправославниот и Голем собор на Крит во јуни оваа година. Иако проблемот со Ерусалмиската патријаршија, околу јуриздикцијата врз Катар останува, сепак Синодот на Антиохиската црква одлучил ова прашање привремено да го „замрзне“, а решение да се бара подоцна.
Одлуката е донесена само во насока да може да се обезбедни непречено патување на Патријархот Јован на Соборот на Крит.
Според соопштението на Антиохиската патријаршија, спорот за решение е префрлен во специјална синодска комисија, која практично го ослободува Патријархот Јован од обврската да бара тоа прашање да биде поставено на работата на Сеправославниот собпр.
Оваа одлука сепак е резултат на дипломатските црковни активности на Вселенската патријаршија, со цел да се овозможи Соборот да помине во духот на единството на Православието.
Сепак според верските аналитичаро, ова е само ставање на проблемите под тепих и демонстрирање привидно единство во Православието. На сите им е јасно дека тоа единство повеќе е политка, отколку „братска Христова љубов“ меѓу патријарсите на една од четирите древни патријаршии.
/РЕЛИГИЈА.МК