Митрополитот Европски Пимен служеше во црквата „Св. Климент Охридски“ во Љубљан.
По Светата Архиерејска Вечерна богослужба, беше отслужена и Панихида.
-Во молитвено единство со свештенството и верниот народ, беа вознесени молитви за покој на душите на упокоените православни христијани, како и за мир, здравје и благослов на целиот македонски народ. Богослужбата помина во возвишена духовна атмосфера, исполнета со вера, надеж и љубов кон Бога. Нека Господ им дарува Царство Небесно на упокоените, а на сите присутни духовна крепост и благослов, велат од епархијата.
