Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија упати телеграма со сочувство до Ерусалимскиот патријарх Теофил по повод терористичкиот напад врз христијани собрани на молитва во Јордан.
Во телеграмата, Синодот изразува молитвено сочувство за загинатите, повредените и нивните семејства, молејќи Го Семилостивиот Бог душите на починатите да ги насели во живеалиштата на праведниците.
Истовремено, од САС на МПЦ-ОА се упатуваат молитви за брзо исцеление на повредените, како и за духовна утеха и крепост на нивните семејства во овие тешки моменти.
Телеграмата е дел од активностите на Синодот на редовната седница одржана на 29 октомври 2026 година.

