Путин честиташе Курбан Бајрам и им се заблагодари на муслиманите како бранители на Русија

Date:

Share post:

Претседателот на Русија, Владимир Путин, им го честиташе на муслиманите во Русија празникот Курбан-бајрам, истакнувајќи дека овој празник ги упатува верниците кон изворите на исламот и ги повикува на милосрдие и побожност, се наведува во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ.

-Следејќи ги заветите и вековните традиции на своите предци, вие широко го одбележувате овој древен празник, кој ги упатува верниците кон изворите на исламот и ги повикува на добрина и праведност, милосрдие и побожност“, се вели во текстот на честитката.

Путин го истакнал учеството на муслиманските организации во општествениот и културниот живот на Русија и нагласил дека тие посветуваат големо внимание на зајакнувањето на семејните вредности, воспитувањето на младите генерации во духот на патриотизмот, како и на реализацијата на значајни образовни и хуманитарни иницијативи.

Путин исто така оценил дека заслужува длабока благодарност дејноста на муслиманските заедници насочена кон поддршка на бранителите на татковината и на нивните семејства.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img