Почетна Вести Христијанство Хиротонисан новиот епископ велички Никола
Хиротонисан новиот епископ велички Никола

Хиротонисан новиот епископ велички Никола

3.05K
0

Денеска во храмот „Свети Димитриј“ во Битола, беше хиротонисан новиот епископ Велички Никола. Хиротонијата ја изврши Архиепископот Стефан, во сослужение на владиците Петар, Тимотеј, Агатангел, Јован, Иларион, Јосиф, Григориј, Јосиф, Јоаким, Марко, Климент и Јаков.

-Денешново мое ракоположување во епископ, не го доживувам како награда или заслуга, туку како повик на Светата Црква и достојно водениот духовен живот, рече меѓу другото по хиротонисувањето, епископот велички г. Никола, на првото негово обраќање пред верниците и владиците на МПЦ ОА.

-Со секој ваков чин се почитува аманетот од нашите претходници, но и се продолжува ланецот на единство на нашата црква. Додека поникне правдата во македонската духовна нива, поминавме долг пат до пред една и пол година, истакна архиепископот г.г. Стефан.

Инаку, новиот епископ духовниот живот како монах, го почнал во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *