Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан на прва официјална посета во Ватикан?
Архиепископот Стефан на прва официјална посета во Ватикан?

Архиепископот Стефан на прва официјална посета во Ватикан?

6.49K
1

Архиепископот Стефан ќе патува во прва официјална посета на Ватикан, на средба со Папата Франциски, дознава Религија.мк.

Средбата е закажана за 26 февруари во Ватикан, но засега нема детали кој друг од МПЦ-ОА ќе биде во придружба на Архиепископот Стефан.

Македонско-црковна делегација секоја година има средба со папата во Ватикан, но во рамки на државната делегација за чествувањето на Свети Кирил. Меѓу владиците кои биле на тие средби бил и Архиепископот Стефан, последен пат во 2019 година, но овој пат станува збор за прва официјална посета.

Изворите на Религија.мк посочуваат дека овој чин на Ватикан е оддавање почит и чест за МПЦ-ОА.

Сепак, засега нема детали кој е мотивот и причината за оваа средба, ниту пак  детали што ќе биде на дневен ред на разговори.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *