Теолог тврди дека патријархот Порфириј можеби ги задржал за себе партите од поклонението на Богородичниот појас

Date:

Share post:

Теологот Благоје Пантелиќ изнесе сомневања дека српскиот патријарх Порфириј можеби ги задржал за себе парите што верниците ги оставале како доброволни прилози за време на поклонението на Чесниот појас на Пресвета Богородица во храмот „Свети Сава“ во Белград, од 20 мај до 5 јуни 2026 година.

Пантелиќ реагираше на најавата за дигитална средба на патријархот Порфириј со игуменот на светогорскиот манастир Ватопед, Ефрем, закажана за петок во 18:30 часот. Темата на разговорот е „Присуството на Чесниот појас на Пресвета Богородица во Србија“, по што е предвидено време за прашања и одговори.

Теологот смета дека тоа е можност да се разјасни каде завршиле парите од прилозите, за кои претходно било најавено дека ќе бидат наменети за Србите на Косово и Метохија и за сиромашните семејства во Србија.

„Одлична можност да ни соопштат каде се парите од прилозите на граѓаните? Ветија дека сите пари ќе им ги донираат на Србите што живеат на Косово и Метохија. Ако го направиле тоа, кому, кога и колку уплатиле? Постојат сериозни индиции дека Порфириј излажал и дека ги задржал тие пари“, напиша Пантелиќ на социјалната мрежа Икс.

Според информациите што Српската православна црква им ги доставила на медиумите, на поклонението на Богородичниот појас се поклониле 916.825 верници. Мнозинството, според објавениот текст, оставале доброволни прилози во износ од 200 до 2.000 динари, што упатува на можноста во тие денови да биле собрани стотици милиони динари.

Игуменот на Ватопед, Ефрем, во тоа време изјавил дека сите собрани средства ќе им бидат поделени на Србите на Косово и Метохија. Патријархот Порфириј, пак, најавил дека доброволните прилози ќе бидат распределени и на сиромашни семејства низ Србија.

Но, според агенцијата Бета, СПЦ досега не објавила колку пари биле собрани, ниту дала отчет за нивната распределба.

На 19 јуни, Бета испратила прашања до Кабинетот на патријархот Порфириј, барајќи информации за вкупната сума и начинот на кој средствата ќе им бидат доделени на најавените корисници. Според агенцијата, одговор не добила ниту по пет месеци.

Воедно, СПЦ досега не објавила дека финансиска помош била доделена на некое од сиромашните семејства.

Previous article

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img