Хавајската мироточива икона на Пресвета Богородица за првпат пристигна во Бугарија

Date:

Share post:

Хавајската мироточива икона на Пресвета Богородица, која во православниот свет е позната по бројните сведоштва за чудесни исцелувања, за првпат пристигна во Бугарија. Од раните утрински часови стотици верници го исполнија храмот „Света Софија“ во Софија за да ѝ се поклонат на светината и да се помолат.

По богослужбата беше организирана литија со иконата до катедралниот храм „Света Недела“, каде голем број верници продолжија да се поклонуваат пред чудотворниот образ.

Според бугарските медиуми, уште при пристигнувањето на иконата на софискиот аеродром, а потоа и за време на денешната света Литургија, од неа започнало да истекува миро со благоухан мирис.

Бугарскиот патријарх Даниил во своето обраќање истакна дека Пресвета Богородица непрестајно се застапува пред својот Син за спасението и доброто на луѓето.

Иконата ќе остане во храмот „Света Недела“ до 5 август, по што ќе биде пренесена и во други епархии на Бугарската православна црква.

Хавајската мироточива икона има необична историја. Нејзиното мироточење започнало во 2007 година во Хонолулу, на Хаваи, а една година подоцна Руската задгранична православна црква официјално ја признала како чудотворна. Оттогаш иконата посетила повеќе од илјада православни храмови во САД, Канада и Европа.

Во православната традиција мироточивите икони се сметаат за знак на Божјата благодат и повик кон покајание и духовно обновување. Верниците не му се поклонуваат на самото миро, туку го доживуваат како сведоштво за Божјото дејствување и застапништвото на Пресвета Богородица.

/Bulgaria ON AIR

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img