Почетна Политичка теологија Грција стана првата православна земја што ги легализира истополовите бракови
Грција стана првата православна земја што ги легализира истополовите бракови

Грција стана првата православна земја што ги легализира истополовите бракови

163
1

Со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода, грчкиот Парламент завчера го изгласа законот за истополовите бракови.

Грција станува 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови.

Од вкупно 300 пратеници колку што брои Парламентот, гласаа 254, од кои 76 беа „против“, двајца „воздржани“, а останатите го поддржаа законот.

Законот беше изгласан по жестока дискусија. Пратеници од помалите ултраконзервативни партии, но и некои парламентарци од владеачките конзервативци, сметаат дека со законот се игнорира традицијата во грчкото општество и поуките на православната црква.

Со новиот закон, хомосексуалните брачни двојки добиваат исти права и обврски како и хетеросексуалните. Тие може да посвојуваат деца. Двата партнера/партнерки добиваат старателско право, иако детето биолошки потекнува од само еден од партнерите. Сепак, на хомосексуалните двојки и натаму им е забрането добивање деца со помош на сурогат мајки.

Големи критики на законот упати грчката православна црква. Дел од црковните лица на пратениците од своите региони им се заканија „добро да размислат за што се изјаснуваат“.

Вчера попладне додека во тек беше расправата во Парламентот и во пресрет на гласањето, во Атина се одржаа одвоени собири „за“ и „против“ законот за истополови бракови.

/Телма

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *