Почетна Анализа Го заслужи ли Тереза ореолот на светица?
Го заслужи ли Тереза ореолот на светица?

Го заслужи ли Тереза ореолот на светица?

296
0

Одлуката на Папата Фрнанциск на 4 септември оваа 2016 година Ватикан официјално да ја прогласи Мајка Тереза за светица, повторно во јавноста ја врати дебатата за нејзината улога во општеството и црквата, која го шокираше католичкиот свет пред неколку години откако во јавноста излезе истражувањето на канадските академици Сергеј Ларивеа и Џеневева Ченард, кои во својата студија тврдат дека светскиот имиџ на Мајка Тереза е само конструкција на Ватикан како резултат на одлично сработена ПИ АР кампања.

Тие тврдења на овие академици шокираа многумина иако и самите тие беа предмет на сериозни критики во јавноста, дефинирајќи ги како едни од ретките критизери на делото на Мајка Тереза. Приказната повторно се врати во јавноста откако Франциск кон крајот на минатата година го потврди и второто чуди, по бетификацијата во 2003 година од страна на Папата Јован Павле II откако беше признаено првото чудо на Тереза.

Majka tereza slika 3По оваа студија на двајцата канадски академици во светската јавност беше пробуден интерес и кај многу други аналитичари, новинари, научници да работат на делото на Мајка Тереза. Сите тие на еден или на друг начин „докажуваа“ дека Мајка Тереза е се, само не светица.

-Мајка Тереза најмалку е заинтересирана за помагање на сиромашните, многу повеќе како тој извор на несреќа да го искористи како енергија за ширење на своите фундаменталистички уверувања, напиша во својата книга, сега покојниот новинар и писател Кристофер Хичинс. Тој многу време потроши во своите јавни настапи актуелизирајќи го прашањето „Зошто Ватикан брза за прогласувањето на Тереза за светица“. Често ја користеше формулацијата дека не станува збор за пријателка на сиромашните, туку пријателка на сиромаштијата и истовремено блиска на најлошите богаташи.

Ватикан во процесот на беатификација не ги зеде предвид многу од контроверзните пикантерии, а особено начинот на кој таа се грижела за болните, контроверзните политички врски, сомнителните раководења на огромни суми пари, како и догматските ставови за абортусот, контрацепцијата и разводите.

Во периодот кога почина, Мајка Тереза во повеќе од 100 држави имаше отворено 517 мисии во кои примаше сиромашни и болни.

Кристофер Хиченс, еден од најжестоките критичари на делото на Мајка Тереза
Кристофер Хиченс, еден од најжестоките критичари на делото на Мајка Тереза

-Условите биле очајни, никој не се грижел за хигиената, немало доволно персонал кој требало да се грижи за болните, недостигала храна и лекови. Многумина тоа го дефинираат како вообичаени појави и проблеми за сиромашните држави и дека Тереза правела се за да им помогне на луѓето, но проблем во овој случај никогаш не бил недостатокот на пари. Напротив, фондациите со кои управувала добивале и повеќе од стотина милиони долари, пишуваат критичарите на делото на Мајка Тереза.

Мајка Тереза ја критикуваат поради нејзиниот став никогаш да не одлучи преку пари да помага на кој било начин. Иако парите беа тука, таа и за која било несреќа не нудела пари како помош, туку се молела и делела слики од Богородица.

Но од друга страна во светската јавност е многу поголем бројот на оние кои ја бранат мисионерската дејност на Тереза, наспроти оние кои ја критикуваат.

Така и нејзината улога, за која голема важност имаат светските медиуми, денеска го има позитивниот белег во светската јавност. Нејзините позитивни аспекти во милосрдието сепак се неспорни. Колку и да бидат спорни нејзините методи за некои, сепак крајната цел е позитивна.

Целата анализа на „Индекс.хр

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *