Почетна Анализа Франциск за три години создаде нов поглед од и кон Ватикан
Франциск за три години создаде нов поглед од и кон Ватикан

Франциск за три години создаде нов поглед од и кон Ватикан

696
0

В недела, на 13 март Ватикан ќе одбележи три години од изборот на Хорхе Маријo Бергољо за поглавар на Римокатоличката црква. Три турбулентни и динамични години помина Франциск на свети петровиот трон во „Ватиканскиот дворец“ . Последната трета година од неговиот понтификатот беше една од најинтензивните и богата со важни настани. Многу од нив ќе останат запишани во историјата.

Како Ватикан гледа на водењето на црквата од Франциск, оценува  Фредерико Ломбарди, директор на Ватиканската прес служба. Тој дава пресек од четири агли за овие три години.

ПАПАТА КАКО УЧИТЕЛ НА ЧОВЕШТВОТО

Papa 4„Имам чувство дека се повеќе расте угледот на Папата како учител на човештвото и Црквата, и тоа во општа смисла. Во текот на минатата година, Папата допре, речиси до сите континенти, освен Океанија. Тој зборува за теми поврзани за мирот и војната, кои навистина се однесуваат на сите луѓе; зборува за важните теми на денешново општество во контекст на глобализацијата, за „културата на отфрлање“, за правдата и солидарноста. Посебно успеа да им даде сеопфатен поглед и на многу важни прашања за денешниов и идниот живот на човечкиот род.“

МИЛОСРДИЕТО ВО ЦЕНТАРОТ НА ПОНТИФИКАТОТ НА ПАПАТА ФРАНЦИСК

Papa 1Ломбарди потенцира дека милосрдието е карактеристична порака и служба што Папата му ја пружа на човештвото и тоа од самиот почеток на понтификатот.

„И го пронајде, можеме да кажеме, тој нов оригинален облик на Јубилеј, кој е раширен во целиот свет. Не станува збор за централизиран Јубилеј, секако Рим тука е како срце во одот на Црквата, но Божјето милосрдие може да се сретне поминувајќи низ вратите кои се наоѓаат во сите места низ светот.“

ОБНОВА НА ЦРКВАТА

Осврнувајќи се на реформата која Папата ја спроведува, директорот на Ватиканската прес служба потенцира дека реформата е постојана задача на Црквата, а Папата, бидејќи дојде од крајот на светот, односно од една нова перспектива, посебно е способен за согледување и разбирање на очекувањата од обновата на Црквата и нејзините управувачки структури во служба на општото послание, како и за одењето во пресрет на потребите на Црквата во разните краишта на светот. Тоа е задача за која Папата знае дека му ја имаат доверено кардиналите, кога го избраа за Папа. Таа задача Папата ја извршува во постојана потрага во послушност кон Светиот Дух кој го води во соочувањето со проблемите, и тоа со доверба, надеж и со голема слобода.

ГОЛЕМА ПОПУЛАРНОСТ, НО ИМА И КРИТИКИ

На новинарските забелешки дека и покрај популарноста на Папата, тој постојано е предмет на  критики, отец Ломбарди рекол дека тоа е нормално бидејќи одот по нов терен и настојувањето да се одговори на итните прашања кои ги поставува светот кој се менува, предизвикува загриженост и несигурност; се оди низ терен кој е од различни погледи непознат. Тоа храбро делување, кое се потпира на вера и надеж, во уверувањето дека Светиот Дух ја следи Црквата во остварувањето на Божјата волја во новото време, не е така едноставно. Папата Франциск е навистина учител кој не води храбро и реално.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *