Почетна Галерија Еврејската заедница одбележа 73 години од депортацијата на македонските Евреи

Еврејската заедница одбележа 73 години од депортацијата на македонските Евреи

115
0

Претставници од Владата, Собранието на Република Македонија, град Скопје, Амбасадор на Израел во Република Македонија, Комисија за односи со верските заедници, дипломатски кор, политички партии и невладини организации, членови на еврејска заедница, Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија положија цвеќе пред на местото на привремениот логор – Монополот и на Еврејските и партизанските гробишта во Бутел.

Делегации од Еврејската заедница ги посетија и со комеморативни седници одбележаа и во Битола и Штип ­ градови во кои до 1943 година имало големи еврејски заедници.

„И годинава, сме тука, повторно на 11 март 2016 година, односно, 1 адар 5.776 година, собрани во спомен – сеќавање на Холокаустот на 7.144 Евреи од Македонија. Овие мартовски денови го чествуваме како и досега овој пат седумдесет и трета година по ред, одново и одново со тага и гордост сеќавањето на нашите предци што не ги запознавме: – од Битола од кајшто беа депортирани 3.276 Евреи, се поклонивме пред споменикот во Штип што остана празен за 534 Евреи и се вративме тука во Скопје каде што бевме во некогашниот Монопол од каде што тргна транспортот без повраток во Треблинка. Токму тука во Скопје дојдоа поголемиот дел од преживеаните Евреи и останаа до крајот на својот живот. Ја запишуваа историјата на скопските Евреи од предвоеното Скопје, на Eврејското маало кое се наоѓало од Калето кон реката Вардар каде што од десната страна се наоѓал Народниот театар. Наоѓаме и податоци за Евреите во Скопје што потекнуваат и од друг период.Уште од 1497 година од автори како Марин Сануто од Венеција, во 1546 година од патописецот Пјер Белон, од Никола Де Николе во 1551 година како и од еден анонимен автор во патописот од 1559 година кои опишувајќи го градот Скопје истакнуваат дека во него живеат многу Евреи коишто се занимаваат со трговија и занаетчиство. На мојата генерација, ќерки и синови на преживеаните од холокаустот на Евреите од Македонија и на нашите наследници, ни го оставија аманетот да го продолжиме еврејскиот ланец откинат и стопен во Холокаустот. Да ја додадеме празната алка што одново го продолжува еврејското опстојување во Македонија и тука во главниот град Скопје“, рече Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Македонија

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *