Свештениците на Повардарскиот Митрополит со свечена литургија го одбележаа споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, чие име го носи надлежниот Архиереј на Повардарската Епархија.
Литургијата за споменот на овој македонски светител и воедно одбележувањето на имеденот на Владиката Агатангел беше во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
За празнично слово и именденската честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија зборувал протоереј Ристе Јанушев.
-Како и досега, успешно да долголетсвувате на почвата Господова и уште долги години да бидете пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме, рекол свештеникот Јанушев.
ГАЛЕРИЈА:
Ако е овој владика јас сум Св.Јован Крстител.