Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар одбележа 45 години архијерејска служба. Литургијата беше во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола, а му сослужуваа митрополитот Австралиснко-новозеландски Никола и викарниот епископ Хераклејски Климент.
-Верниот народ молитвено учествуваше во евхаристиското собрание, вознесувајќи благодарност кон Господа и упатувајќи искрени молитви за здравје, крепост и долг живот на Митрополитот г. Петар. На многаја и благаја лета, Владико свети!“ извести Преспанско-пелагониската епархија.

