Почетна Анализа ФЕЉТОН: Случки од животот на Патријархот Павле
ФЕЉТОН: Случки од животот на Патријархот Павле

ФЕЉТОН: Случки од животот на Патријархот Павле

839
0

Српскиот патријарх Павле беше еден од епископите во современиот свет кој остави многу траги во неговиот живот и како Патријарх српски, но и како владика на СПЦ. Неговиот живот се карактеризираше со многу скромност во време кога владее општа перцепција за луксузот во кој уживаат многу владици на Православната црква.

Патријархот Павле почина на 15 ноември 2009 година во својата 95 година од животот. Беше Поглавар на СПЦ во најтурбулентните години на Србија од 1990 година. Во тој период има многу настани кои низ историјата ќе се анализираат, но секако ќе се паметат.

„Религија.мк“ во еден краток фељтонски серијал ќе ви пренесе еден апсект од животот на Павле, прикажан преку настани од неговиот живот, кои се прераскажуваат во црковните кругови на СПЦ, но и на останатите православни цркви. Во наредните денови ќе можете да прочитате за „случки од животот на Патријархот Павле“.

varburgВартбург

Уште во времето кога Владиката Павле беше Епископ Рашко-призренски, епархијата располагаше со еден автомобил од марката „вартбург“. Тој се користел само во крајна нужда. Епископот Павле многу ретко го користел, бидејќи претпочитал да оди пеш. Еднаш во посета на епархијата му дошол Жичкиот епископ Стефан, со кого биле многу блиски уште за време на студентските денови на Богословскиот факултет. Тогаш Епископот Жички се возел во автомобил „пежо“. Двајцата епископот со пежото решиле да ја обиколат епархијата.

Возејќи се, Владиката Павле рекол:

„Брате Стефане, многу ти е убав „вартбургот“

(продолжува)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *