Епископот Делчевско-каменички Марко на 20 јануари 2026 година ги посети социјалните центри во Делчево и Македонска Каменица, каде што е организиран целодневен престој за лица со посебни потреби.
За време на посетата, епископот Марко оствари средба со раководителите и вработените во центрите, кои секојдневно работат на подобрување на условите и квалитетот на живот на децата и корисниците. Тој беше запознаен со програмските активности, ги посети работилниците и се информираше за процесот на изработка на ракотворбите што ги создаваат штитениците.
Во рамки на посетата, епископот им врачи скромни подароци на корисниците, како знак на поддршка и внимание. Децата возвратија со неколку рачно изработени подароци, кои му ги подарија како израз на благодарност за посетата.
Од социјалните центри истакнаа дека ваквите посети имаат значајна морална и мотивациска вредност, како за корисниците, така и за вработените, и претставуваат охрабрување за понатамошната работа и грижа за лицата со посебни потреби.

