Епископот звениградски Питирим Творогов, кој раководи со Скопинската епархија на Руската православна црква, изјави дека зголемениот интерес на руското општество за окултни практики и абортусите е причина поради која, според него, Русија не може да да ја добие војната во Украина.
Тој оцени дека ширењето на „вештерки, волшебници, гатачи, нумеролози и други окултни практичари“ довело до духовно слабнеење на општеството, тврдејќи дека нивниот број до 2024 година се зголемил неколкукратно и дека трендот продолжил и во 2025 година. Според Питирим, сè поголем број луѓе во услови на војна бараат помош од „зли духови“, наместо од Бога.
Епископот, исто така, ги обвини жените кои се одлучуваат за прекин на бременост дека, според неговото толкување, го поткопуваат напорот за прекин на воените дејствија, говорејќи за абортусите како духовни и општествени последици за државата.
Изјавите на Питирим предизвикаа реакции поради директното поврзување на воените случувања со личните и духовните избори на граѓаните, како и поради користењето религиозна реторика за објаснување на политички и воени процеси.

