Претседателката, претседателот на Собранието и Премиерот и годинава беа дел од традционалниот именденски ручек кај архиепископот Стефан.
Божикниот ручек што го приреди поглаварот на МПЦ-ОА за Гордана Сиљановска Давкова, Африм Гаши и Христијан Мицкоски, се одржа во неговата резиденција на Кале. Како придружба на архиепископот беа и митрополитите Иларион и Јосиф.
– Му посакав добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот. Должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината, напиша Преседателката на Фејсбук.
-Во таа прилика, изразив најискрени честитки, размислувајќи заедно за вредностите што нè обединуваат како општество: меѓусебното почитување, толеранцијата и мултиетничката и мултирелигиозната хармонија. Беше нагласено дека религијата, преку универзалните вредности што ги промовира, има посебна улога во зајакнувањето на меѓучовечката хармонија и мултиетничкиот и мултирелигиозниот соживот во нашата земја, напиша Претседателот на Собранието, на Фејсбук.
Премиерот не сподели фејсбук статус од средбата кај поглаварот. Кабинетот на архиепископот, не открива детали за што друго е разговарано.







