Папата Лав XIV гласаше на американските избори по пошта од Ватикан

Date:

Share post:

Папата Лав XIV го искористил своето право на глас на претстојните избори во САД, испраќајќи гласачко ливче по пошта во Чикаго, потврди Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Информацијата беше објавена денеска, откако американските медиуми претходно известија дека папата побарал гласачко ливче за изборите што ќе се одржат на 3 ноември.

„Папата Лав XIV го остварувал своето право на глас како граѓанин на Соединетите Американски Држави секогаш кога имал право на тоа“, се наведува во соопштението на Ватикан. Канцеларијата потврди дека, во согласност со неговата долгогодишна практика на граѓанско учество, тој го испратил гласачкото ливче по пошта во Чикаго.

Од Светиот Престол соопштија и дека папата гласал за време на годините што ги поминал во Перу, секогаш кога имал право на тоа. Лав XIV, роден како Роберт Франсис Превост во Чикаго, има американско и перуанско државјанство.

„Светиот Отец ја потврдува својата верба во правото и должноста на граѓаните да учествуваат во демократските процеси“, се наведува во соопштението.

Иако е поглавар на Римокатоличката црква и престојува во Ватикан, Лав XIV го задржал американското државјанство и правото на глас.

Изборите во САД ќе се одржат на 3 ноември. На нив ќе се избираат сите 435 членови на Претставничкиот дом, 35 од вкупно 100 сенатори, како и гувернери во 36 сојузни држави. Изборите се одржуваат на половина од четиригодишниот претседателски мандат и се важни за распределбата на силите во двата дома на Конгресот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img