Почетна Вести Државниот секретар на Ватикан пристигна во Македонија
Државниот секретар на Ватикан пристигна во Македонија

Државниот секретар на Ватикан пристигна во Македонија

205
0

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

Кардиналот Паролин ќе биде гостин на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов во Скопската бискупија, а ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и други државни претставници.

Ќе присуствува на свечен благослов и инаугурација на новата бискупска резиденција со присуство на верските поглавари, цивилните власти и дипломатскиот кор, по што во Скопската катедрала Пресвето Срце Исусово ќе има средба со свештениците, монашките заедници и богословите и ќе предводи Служба на Словото.

Кардиналот вечер ќе го предводи свеченото Евхаристиско славење во повечерието на празникот Свети Јосиф. По литургиското славење е предвидена промоција на книгата на папата Фрањо „Божјото име е милосрдие“ која е преведена на македонски јазик.

Утре кардинал Паролин ќе ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза, археолошкото наоѓалиште Стоби, привремениот транзитен центар за мигранти „Винојуг“  и парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, како и катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *