Почетна Вести До манастирот Света Петка во Пехчево, отсега по асфалт
До манастирот Света Петка во Пехчево, отсега по асфалт

До манастирот Света Петка во Пехчево, отсега по асфалт

207
0

Заврши асфалтирањето на локалниот пат до археолошкиот локалитет и манастирот Св. Петка во Пехчево, во должина од 1,5 километри,  проект вреден 8.090.512,00 денари и финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

sveta petka pehcevoИзградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во Пехчево, затоа што археолошкиот локалитет и претходно бил посетуван од туристите, но сепак, пречка била инфрастуктурата и непристапноста, а сега очекуваме посетеноста да биде уште поголема, истакна градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски.

За овој археолошки комплекс, знаат малкумина, бидејќи досега немаше соодветен пат, но сепак, самата локација е на 4 километри од Пехчево во предел кој е идеален за посетители. Со изградбата на инафраструктурата и одредени проекти кои ги планираме во наредна фаза, ќе ја заокружиме и оваа локација, како причина повеќе за да се посети Пехчево, додаде Поповски.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *