21
0
Верски календар: 27 ноември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Виргилиј, бискуп во Салцбург.
По потекло е Ирец. Во 743 година го напуштил родниот остров поради љубовта кон Исус и ја започнал патувачката мисија по европските земји. Го ширел Евангелието во Баварската, Корушката, Штаерската област и во Панонија. Виргилиј како културен човек, бил еден од најдобрите учени луѓе. Многу ја познавал математиката, па го нарекувале “геометром”. Посебно му се молат студентите.