Архипископот Стефан денеска има именден. Црквата го слави Светиот првомаченик Стефан, првиот кој пострадал за христовата вера.
На овој ден поглаварот на МПЦ-ОА, традиционално одржува именденска средба со божикен ручек за државниот врв.
Денеска кај архиепископот во неговата резиденција се поканети, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, Претседателот на Собранието Африм Гаши и Премиерот Христијан Мицкоски.
Религија.мк му го честита именденот на архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан и му посакува уште долго да ја возглавува Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
На многаја лета!

