Дебарско-кичевската епархија најави преосветување на храмот „Свети пророк Илија“ во Лактиње

Date:

Share post:

Дебарско-кичевската епархија најави дека на 2 август 2026 година, кога се одбележува празникот на Светиот пророк Илија, во храмот „Свети пророк Илија“ во селото Лактиње ќе се изврши чин на преосветување на храмот.

Според објавената програма, богослужбата ќе започне во 8:45 часот, со чинот на преосветување, по што ќе биде отслужена света архиерејска Литургија.

Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј.

Од Епархијата упатија покана до верниците да присуствуваат на богослужбата и заеднички да го одбележат празникот на Светиот пророк Илија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img