Почетна На иста страна Честитка од Архиепископот Стефан до Бискупот Стојанов за Божик
Честитка од Архиепископот Стефан до Бискупот Стојанов за Божик

Честитка од Архиепископот Стефан до Бискупот Стојанов за Божик

105
0

Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан им го честитат Христовото раѓање – Божик на христијаните од католичка вероисповест, кои утре ќе го слават празникот.

Во честитката испратена до Скопскиот бискуп и српумишко-скопски епарх, Киро Стојанов пишува:

-Радосниот празник на Христовото Рождество е спасоносниот ден во кој Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се роди во времето. Човекољубивиот Бог уште од почетокот го избрал човековиот род за спасение, посинувувајќи го преку Својот Единороден Син, со што дал можност сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.

Честитајќи Ви го Божиќ, Ви посакуваме изобилни духовни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи Ве со радосниот поздрав: Христос се роди“ – стои во честитката на архиепископот Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *