Бугарската држава од 1 август 2026 година ќе ги плаќа здравствените придонеси за монасите во Зографскиот манастир на Света Гора, откако бугарското Народно собрание усвои законски измени со кои се регулира нивниот здравственоосигурителен статус.
Одлуката беше едногласно поддржана од членовите на Буџетската комисија на парламентот во рамки на второто читање на буџетот на Националниот фонд за здравствено осигурување за 2026 година. Предлогот го поднесе пратеникот Костадин Ангелов од ГЕРБ.
Според усвоените измени, бугарската држава ќе ги преземе здравствените придонеси за сите 36 монаси кои живеат во Зографскиот манастир, со што тие ќе имаат непрекинати права од здравственото осигурување.
Интересно е што ова била единствената измена во здравствениот буџет што добила поддршка за време на повеќечасовната седница на Комисијата, а за неа гласале сите присутни политички партии.
Во меѓувреме, игуменот на Зографскиот манастир, архимандритот Гавриил, кој престојува во посета на Бугарија, остварил средба со заменик-министерката за надворешни работи Иванка Ташева. На средбата било разговарано за зачувувањето, реставрацијата и промоцијата на културно-историското наследство на Зографскиот манастир, како и за дигитализацијата на вредните ракописи, архивскиот и библиотечниот фонд.
Зографскиот манастир „Свети великомаченик Георгиј“ е еден од дваесетте светогорски манастири и е духовен центар на бугарското монаштво на Света Гора.
/dveri.bg

