Почетна Анализа Божик во Европа под засилени полициски контроли
Божик во Европа под засилени полициски контроли

Божик во Европа под засилени полициски контроли

233
0

Безбедноста во поголемите градови во Европа е зголемена, особено на таканаречените Божиќни пазари во Германија и Франција. До ова дојде откако Стејт департментот издаде предупредување за зголемен ризик од терористички напади во Европа за време на претстојната сезона на празници, пишуваат светските медиуми.

-Државјаните на САД треба да бидат претпазливи, бидејќи имало веродостојни информации дека милитанти на Исламската држава, Ал Каеда и нивните филијали продолжуваат со плановите за напади во Европа, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

BELGIUM-FRANCE-ATTACKS-SECURITYВо Берлин, организаторите на традиционалниот божиќен пазар велат дека направиле се што е можно за да се избегне опасноста. Чувари во црни униформи ги претресуваат торбите на луѓето.

Мајкл Лир професор од Албани, Њујорк престојува како турист во Берлин, за Радио слободна Европа, изјавил:

„Мислам дека веројатноста за да се случи нешто такво е многу мала“.

bozik-3Во Минхен, една продавачка на дрвените тезги поставени на плоштадот во центарот на градот исто така вели дека не се плаши. Беа Левенлајн прашува: „Каде сум сигурна?, додавајќи:

„Ако ние самите ги ограничуваме нашите движења, тоа е токму она што тие го сакаат, никој да не го напушта својот дом повеќе“.

bozik-5Портпаролот на полицијата во Минхен Свен Милер вели дека бројот на службениците за Божиќ е зголемен во споредба со претходните години.

„Ние немаме конкретни индикации за каква било непосредна опасност, па ние дефинитивно може да им кажеме на луѓето: посетете ги Божиќните пазари и забавувајте се, ние се грижиме за вас“.

Во источниот францускиот град Стразбур, каде што во текот на изминатиот викенд во антитерористичка операција беа уапсени неколку лица, војници облечени во панцирни елеци патролираат околу дрвените тезги што се поставуваат за Божиќ.

bozik-4Во ноември 2015 година, вооружени лица и бомбаши самоубијци извршија неколку напади во Париз во кои загинаа 129 лица.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев деновиве изјави дека има целосна мобилизација на службата за борба против тероризмот во земјата.

„Никогаш терористичката закана не била толку висока на нашата територија“, рече тој.

Казнев додаде дека се преземени сите мерки за да се спречи најлошото, но сепак додаде дека не постои стопроцентна гаранција и оти она што го тврди тоа го лаже францускиот народ.

Инаку, предупредувањето на Стејт департментот за зголемен ризик од терористички напади во Европа важи до 20 февруари идната година.

/РСЕ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *