Лидерот на ГЕРБ и екс бугарски премиер, Бојко Борисов беше одликуван од Вселенскиот патријарх со Орден „Крстот – Христов Семоќен“. Посетата на Борисов на Вселенската патријаршија предизвика големо внимание и во бугарската и во македонската јавност.
Настанот имаше голем публицитет, а настапот на Борисов беше во насока на високодостојна поќит кон Вселенската Патријаршија, нарекувајќи ја Мајка Црква. Лидерот на ГЕРБ јавно ги поддржа сите одлуки на Вселенската патријаршија кои се однесуваат и на црковната автокефалност во Украина, нешто што Бугарската Православна Црква се уште го нема прифатенено. Во јавниот натсап екс бугарскиот премиер изрази огромна благодарност ков Вартоломеј во напорите што ги прави за обединувањето на православните христјани, посочувајќи го Севселенскиот Собор од Крит како голем успех, иако на тој Собор Бугарската црква одби да учествува под влијание на Московската Патријаршија.
Борисов му се заблагодари на Вартоломеј и за одлуката да ја врати МПЦ-ОА во канонско единство, иако ги искористи зборовите „христијаните од Репубилка Севрна Македониоја“.
Трите влади, раководени од мене вложија напори и постигнавме многу за присоединувањето на државите од Западен Балкан кон Европската Унија. Примањето во евхаристиското заедништво во семјеството на Православните цркви, кое вие го направивте за христијаните од Република Северна Македонија е силен знак и за нас – европските политичари, стои во писмото на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов до вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Тој во писмото изразува почит за Вартололеј и вели дека проблемите на денешното општество не се само посочувани, туки и се решаваат со нивните теолошки дела и хуманоста.
Борисов приосуствуваше и литургијата во патријаршискиот храм во Фанар.
Целото писмо на Борисов до Вартоломеј.






