
Битиќи – родовата еднаквост е борба против социјалната нееднаквост
Кога жените имаат еднаков пристап до образование, ресурси, вработување и до економски можности, тоа води до зголемена продуктивност во економската активност и во ослободување иновативен потенцијал. Ова е важно и од аспект на борбата против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, затоа што градењето силна економска улога на жените значи создавање поправедно општество во кое поголем број домаќинства ќе се извлечат од сиромаштијата, пишува вицепремиерот Фатмир Битиќи во неговата колумна за „Слободен печат“.
Тој додава дека затворањето на родовиот јаз во вработеноста може да го зголеми долгорочниот БДП по глава на жител за речиси 20% во просек низ земјите во светот.
„Родовата еднаквост во економската сфера не е само прашање на застапеност, туку и средство за постигнување подобри економски резултати. Овде може да се нагласи и една социјална димензија во која родовата еднаквост придонесува за подобри здравствени резултати, подобрено образование за децата, намалено насилство врз жените и за посилни врски во семејството и во заедницата“ пишува Битиќи.
Вицепремиерот додава дека унапредувањето на на родовата еднаквост во целокупното општество бара од политичките актери да ја напуштат улогата на освојувачи на минатото и да се препуштат на улогата на ослободувачи на идните генерации од ограничувачките родови очекувања.
„Во ова редефинирање на политичките улоги, вредностите и концептите треба да бидат извор на конзистентност, затоа што на тој начин се еродира потребата од политички конформизам кон општоприфатени стереотипи и предрасуди кои родовата еднаквост ја подредуваат под политички луксуз. Еднаквоста не е непотребна, не е излишна, а уште помалку претерана, таа не е луксуз – секој во својата различност заслужува да ја искусува“, заклучува Битиќи.
„Според податоците на Светска банка, во светот речиси 2,4 милијарди жени на работоспособна возраст сè уште ги немаат истите права како мажите. Според процените, затворањето на родовиот јаз во вработеноста може да го зголеми долгорочниот БДП по глава на жител за речиси 20% во просек низ земјите во светот“ пишува вицепремиерот Фатмир Битиќи во неговата колумна.
Тој додава дека истражувањата проценуваат дека глобалните економски придобивки ќе бидат од 5.000 до 6.000 милијарди долари доколку жените почнат и развијат нови бизниси со иста стапка како и мажите.
„Светски реномираната консултантската фирма McKinsey@Company проценува дека компаниите кои имаат родово диверзифицирано менаџирање имаат за 21% поголема веројатност да остварат натпросечна профитабилност. Притоа се забележува дека компаниите со поголема застапеност на жените во раководните структури забележале 42% повисок принос на продажба и 66% повисок принос од вложениот капитал споредено со оние во кои доминираат само мажи“, истакнва Битиќи во неговиот текст.
Според вицепремиерот, родовата еднаквост во економската сфера не е само прашање на застапеност, туку и средство за постигнување подобри економски резултати.
Овде може да се нагласи и една социјална димензија во која родовата еднаквост придонесува за подобри здравствени резултати, подобрено образование за децата, намалено насилство врз жените и за посилни врски во семејството и во заедницата“, пишува Битиќи.